Хармонија и урамнотеженост - боја за 2022 година
Во животот се стремиме кон хармонија и урамнотеженост. Ова се однесува на нашите вредности, семејството, работата и исхраната, како и на архитектурата и дизајнот на ентериерот. Токму на ова се однесува и ZANZIBAR 6, боја на 2022 година, од палетата Хармонија и Урамнотеженост.
Идејата за одржливост во архитектурата е составен дел на одржливото градење. Главните цели се да ги задоволат социјалните потреби, да ја одржат конкурентноста на пазарот и да имаат позитивно влијание врз животната средина. Идеалите на палетата Хармонија и Урамнотеженост исто така се дел од палетата со бои на Ceresit, од кои е избрана боја за 2022 година.
Повеќе за бојата за 2022
ZANZIBAR 6 е сестрана, неутрална боја која може да се користи речиси секаде и во секое време. Одговара на секој архитектонски стил и може успешно да се комбинира со повеќето други бои од палетата Ceresit. Ќе послужи како совршена позадина или ќе ги надополни сите градежни материјали наменети за фасади, како што се тула, дрво или лим. И ова е само почеток на нејзините предности!
Стилизирани комбинации
ZANZIBAR 6 e безвременска боја која практично им одговара на сите стилови. Таа ќе им одговара на модерната, современата, минималистичка архитектура, како и на повеќето класични, традиционални градби. Одличен избор е како за новопроектираните објекти така и за освежување на фасадите на старите објекти. Добро се вклопува и во аранжмани кои се блиски до природата, еколошки, како што е скандинавскиот стил. Бојата на 2022 година е светла и деликатна, па затоа се совпаѓа со речиси сите други бои од Хармонија и Урамнотеженост палетата. Moже да се користи како позадина за смели, силни и контрасни бои како што е ASTURIA 5, или да биде истакната со подлабоки, потемни или заситени нијанси како што е COLORADO 6.
Технички карактеристики
Бојата на 2022 година има добри технички карактеристики. HBW вредноста на рефлексија на светлина (LRV), која покажува кој процент на сончеви зраци се рефлектира од малтерените површини, изнесува дури 75% зa ZANZIBAR 6.
Исто така важен индикатор е TSR, кој укажува на рефлексијата на вкупната сончева енергија, односно на количеството на сончево зрачење (се однесува на светлосни бранови и во ултравиолетовиот, видлив и инфрацрвен опсег). Во овој случај, исто така е висока и изнесува 72%. Вреди да се запомни дека, за да се обезбеди долготрајност на фасадата и за да се спречи прекумерно загревање на површината, се препорачува употреба на малтери и бои со HBW≥20 и TSR ≥ 20. Aко сакате да дознаете повеќе, прочитајте за BOOST бојата.