Стил и боја - совршена комбинација

Архитектите и проектантите понекогаш се соочуваат со тешки задачи. Покрај проектирање на зградата во одреден стил, тие мора да ја изберат бојата на фасадата што ќе ѝ одговара. Кои се различните стилови и кои бои треба да се користат?

Повеќето од нас го знаат правилото дека колку е посветла бојата на ѕидовите, толку поголема изгледа просторијата. Истото важи и за нијансата на фасадата на зградата, но во овој случај белата боја нема секогаш да биде соодветна. Како да ги комбинирате стилот и бојата кои најдобро ќе функционираат заедно? Во продолжението ги разгледуваме најпопуларните стилови и нивните комбинации со бои од палетата на Ceresit Colours of Nature.

Oд стил до боја

Moдерниот стил првенствено се карактеризира со функционалност, едноставност и хармонија, поради што белата на пр. WHITE DESERT, WHITE MIST, сивата, на пр. LANZAROTE 2, LANZAROTE 4 и црната, на пр. DIAMOND EVENING се доминантни бои. Овие бои се совршено дополнување на дрвото, кое исто така често се појавува како дополнување на овој стил.

Скандинавскиот стил се карактеризира со природни материјали, така да боите на природата – бела, кремаста и сива -  се особено погодни овде. Посилни бои, карактеристични за овој стил, се црвената RUBY SUNSET, RUBY FIRE портокаловата AMBER PATH, AMBER ISLAND и нијансите на жолтата AMBER JEWEL. Интересно е што во минатото се сметало дека употребата на црвена боја укажува на богатството на сопственикот на имот, а богатите луѓе ги бојадисувале своите куќи во портокалова и жолта боја за да се издвојат од црвените фасади.

Meдитеранскиот стил се сите нијанси на кремаста боја, на пр. MAJORCA 1, CRETE 1 или ZANZIBAR 6 – бoja на 2022 година. Кремастата е боја на песокот на плажа и природно се поврзува со одмор и релаксација. Зградите во оваа боја изгледаат визуелно поголеми, а светлата фасада силно ја рефлектира светлината, правејќи да изгледаат посветло. Сината често пати се избира како комплементарна боја за овој стил (на пр. PACIFIC 4, PACIFIC 5). Воглавно се јавува околу прозорците (често во форма на капаци) или вратите. Во медитеранскиот стил исто така е важно да се играте со текстурите, поради што на фасадите ќе видите елементи од различни текстури. 

Во минималистичкиот стил улогата на светлината е многу важна, па така водечка боја овде е белата, која рефлектира најмногу сончева светлина од сите бои. Архитектите претпочитаат да го нагласат телото на куќата со играта на светлината, а не со различни бои или материјали на фасадата. Покрај тоа, белата боја асоцира на чистота, духовност, така што совршено се вклопува во идејата за минимализам. Ако се појават други бои, тие се обично сиви и црни. Тие се користат во архитектонските елементи како што се рамки за прозорци и врати, покрив и сл. Сепак, има згради кои се цели или воглавно сиви или црни.

Не само пастели

Англискиот стил пред сè е елеганција и хармонија, но и топлина и удобност. Тука се видливи и влијанијата на класичниот стил. Богат е со светли пастелни бои: деликатна розова (на пр. IBIZA 1, CATALONIA 1, зелена VIRGINIA 1, сина на пр. OCEANIA 1, ADRIATIC 1). Суптилните бои треба да остават впечаток на удобност, деликатност и романтизам.

Провансалскиот стил потекнува од Прованса, позната по топлата клима, прекрасните пејзажи и одгледувањето на лаванда. Затоа и не е чудно што овде владеат нијанси на бели и топли пастелни нијанси: бледожолта, зелена, розова и лаванда. Овие бои треба да остават впечаток на удобност, да додадат топлина и да потсетуваат на природата, идиличната селска атмосфера и топлината на домот.

Art deco стилот го карактеризираат богатите бои. Во него доминираат експресивните бои како розова, зелена, костенлива, црвена, темносина, но и нивните пастелни парови и белата боја. Art deco зградите понекогаш се монохроматски - на нивните фасади се појавуваат различни нијанси на иста боја, со што се разликуваат од другите згради.

Еклектичниот стил е најчест во архитектурата. Нема строги правила, па затоа имаме слобода во изборот на бои и текстури. Можно е да се комбинираат различни стилови и бои. Тука се вклопува целата палета Colors of Nature.

ВИДИ ИСТО ТАКА
1/1

Tрендови во архитектурата 2022

Во последно време гледаме дека промената е единствената извесност. Ова се однесува на многу аспекти од животот, а еволутивните трендови во архитектурата се еден од нив. На што ќе се фокусираме во оваа област во 2022 година?

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ЗЕЛЕНАТА СТРАНА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ДИЗАЈН

Боите се нашата страст. Бидејќи природата инспирира сè што правиме, можеме да бидеме сигурни во едно: зелената боја никогаш нема да излезе од мода. Трендот на одржливост за миг завладеа со нашиот свет. И се чини дека не успорува! Многу индустрии, вклучувајќи ги градежништвото и архитектурата, постојано бараат имплементација на нови еколошки решенија.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Хармонија и урамнотеженост - боја за 2022 година

Во животот се стремиме кон хармонија и урамнотеженост. Ова се однесува на нашите вредности, семејството, работата и исхраната, како и на архитектурата и дизајнот на ентериерот. Токму на ова се однесува и ZANZIBAR 6, боја на 2022 година, од палетата Хармонија и Урамнотеженост.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Moќ на природните комбинации

Употребата на природни материјали и црпењето на инспирација од природата е еден од најсилните трендови во моментов и нема да успори во поскоро време. Поради тоа вреди да се размисли за употреба на материјали од природно потекло или на материјали кои ги имитираат на фасадата.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ