Ние вака работиме

Брендот Ceresit е еден од најпознатите и најдобро оценетите брендови кога се работи за градежните материјали. Ние работиме во духот на одржливоста и општествената одговорност. Се грижиме за урамнотеженото производство, црпиме и враќаме назад во животната средина и локалната заедница.

Нашата понуда вклучува производи и градежни системи дизајнирани за многу области на примена. Ние им нудиме на професионалците во градежната индустрија готови решенија кои гарантираат едноставна употреба, одлична ефикасност и исклучително високо ниво на безбедност.

Ceresit е бренд кој нуди повеќе од врвен квалитет. Со нашето искуство и издржливите производи, ги оживуваме архитектонските проекти ширум светот. Видете и самите:

Plaza Tower 2021 (Киелце, Полска)

Ова е највисоката зграда во Киелце и се користи како станбен објект. Прекрасната панорама на градот во која можете да уживате низ прозорците на кулата вреди да се искачите на сите негови 16 ката. Единствената форма на оваа конструкција и модернистичките стаклени површини заслужуваат восхит. Со само еден поглед на неа станува јасно колку се грижеле проектантите за секој детал за овој проект.

Користени производи:

CT 76 – силико-еластомерен малтер со структура како камен и ефект на отпорност на UV зрачење, за внатрешна и надворешна употреба

CT 85 – aдхезивен малтер за прицврстување на EPS плочи како и за топлинска изолација на објекти со лесна влажна метода

CT 16 – oсновна боја со синтетички смоли наменета за подготовка на површините пред нанесување на тенкослојни малтери, китови или премази од бои

Luxuria Domenii 2020 (Букурешт, Романија)

Оваа модерна и минималистичка зграда е дел од блокот Luxuria Residence. Нејзините чисти линии и отсуството на декоративни елементи создаваат едноставна структура. Околината полна со растенија дополнително го подобрува нејзиниот едноставен шарм.

Користени производи:

CT 180 – aдхезивен малтер наменет за прицврстување на плочи од минерална волна со топлинска изолација на објекти со лесна влажна метода

CT 16 – прајмер за бои со синтетички смоли наменет за подготовка на површините пред нанесување на тенкослојни малтери, китови или премази од бои

CT 174 – декоративен силикатно-силиконски малтер со структура како камен намент за внатрешна и надворешна употреба

Конгресен центар на хотелот Атлантис 2008 (Дубаи, ОAE)

Комплексот згради што го сочинуваат овој хотел со пет ѕвезди совршено ѝ одговара на неговата околина. Хотелот Атлантис се состои од две кули поврзани со мост. На највисоката точка зградата достигнува 120 метри. И не само тоа, тоа е првата градба изградена на Палмата Џумеира, најголемиот вештачки остров во светот.

Користени производи:

CT 85  – aдхезивен малтер за прицврстување на EPS плочи како и за топлинска изолација на објекти со лесна влажна метода

CT 325 – мрежа од фиберглас наменета за формирање на слоеви арматура во ETICS Ceretherm системите

CT 60 – aкрилен малтер со структура слична на камен наменет за внатрешна и надворешна употреба

 

ВИДИ ИСТО ТАКА
1/1

Tрендови во архитектурата 2022

Во последно време гледаме дека промената е единствената извесност. Ова се однесува на многу аспекти од животот, а еволутивните трендови во архитектурата се еден од нив. На што ќе се фокусираме во оваа област во 2022 година?

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Скриени трошоци за реновирање - како да ги намалите?

Кога се одлучуваме за реновирање или преуредување, не сме секогаш свесни дека можеби нема да можеме да останеме во рамките на буџетот поради скриените трошоци. Предлагаме што можете да направите за да ги сведете на минимум.

 

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Сите нијанси на бела

Белата е најчеста боја на фасадите на модерните згради. Ова не е изненадувачки, бидејќи белата боја е неутрална и ја симболизира совршената рамнотежа помеѓу спротивностите и внесува чувство на мир и хармонија во просторот.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ СВОЈОТ ДОМ ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВ

Во свет кој се движи со молскавична брзина, добро е да забавиме и размислиме како нашите секојдневни избори влијаат на планетата. Еве ги нашите совети како да го направите вашиот дом колку што е можно еколошки поприфатлив на тој начин да можете да се грижите за животната средина од безбедноста на вашиот дом.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ