КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ СВОЈОТ ДОМ ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВ
Во свет кој се движи со молскавична брзина, добро е да забавиме и размислиме како нашите секојдневни избори влијаат на планетата. Еве ги нашите совети како да го направите вашиот дом колку што е можно еколошки поприфатлив – на тој начин да можете да се грижите за животната средина од безбедноста на вашиот дом.
СЕКОГАШ ПОЗЕЛЕНО НА ВАШАТА СТРАНА
Кога се распаѓа органската материја на депониите, таа произведува метан. Овој штетен стакленички гас е осумдесет пати посилен од јаглерод диоксидот во климатскиот систем за загревање.
За да го спречите ова, организирајте сопствен компостер. Сè што ви треба е малку слободно место во дворот или во затворен простор. Ова е одличен начин за производство на висококвалитетно, комплетно органско ѓубриво за вашите растенија, додека сите неискористени остатоци од храна или картон повторно се користат. Не знаете што да правите со парчиња домат од вчерашното чили? Ставете ги во компостерот!
Покрај грижата за растенијата, можете да го заштитите локалниот животински свет со хранилка за птици или со хотелите за инсекти. Пред да ги купите или изградите, задолжително истражувајте - куќите со слаб квалитет можат повеќе да им наштетат на животните отколку да им помогнат.
OСВЕТЛЕTE
Избегнувајте непотребна употреба на електричната енергија со замена на традиционалните светилки со штедливи светилки или со LED светилки. Наместо да инвестирате во неефикасни методи за греење, префрлете се на обновливи извори на енергија: топлински пумпи и PV решенија.
Сепак, замената на печката не секогаш може да ги даде очекуваните резултати. Според истражувањата, неефикасната топлинска изолација предизвикува една третина од емисиите на јаглерод диоксид. Затоа, треба да инвестирате во висококвалитетна топлинска изолација (како што се Ceresit ETICS системите) која ќе ја намали загубата на топлина и ќе го минимализира јаглеродниот отпечаток
РАЗЛАДЕTE
Во топлите летни денови, трошокот за климатизацијата може да биде голем. Покрај инвестирањето во системите за топлинска изолација или во прозорците со високи изолациски параметри, својата куќа можете да ја заштитите од сонцето со бел мембрански покрив кој ја рефлектира топлината. Друг начин да се осигурате дека вашиот дом ќе остане ладен е да ја обоите фасадата во посветла нијанса. Во нашата бела линија од палетата Colors of Nature ќе најдете голем избор на малтери и бои со ладни тонови. Љубителите на ладни тонови ќе ги сакаат боите такви какви што се WHITE MIST и WHITE ICE, додека љубителите на топли тонови ќе се најдат во БЕЛА ПУСТИНА или во БЕЛ СНЕГ. Aко не сте воодушевени со белата боја, секогаш можете да ја изберете сината боја PACIFIC 1 или деликатната праска PHUKET 1.
НАМАЛЕТЕ, ПОВТОРНО УПОТРЕБЕТЕ, РЕЦИКЛИРАЈТЕ
Добра идеја е сувиот и влажниот отпад да се чуваат одделно. На крајот на краиштата, сепарацијата на отпадот ја намалува количината на ѓубре во депониите и го олеснува успешното рециклирање. Но, пред да седнете и да се обидете да го регулирате одвојувањето на пластиката и стаклото, проверете ги локалните закони за да потврдите дека отпадот го одвојувате на правилен начин.
ДОНЕСУВАЈТЕ СВЕСНИ ОДЛУКИ
Изберете производи од брендовите кои активно се борат за подобра иднина, со намалување на нивниот производствен отпад или со користење на рециклирани материјали во нивното производство. Обидете се да изберете производи со соодветен сертификат - без разлика дали се работи за FSC, EC1 Plus или Energy Star - за да бидете сигурни дека тие се оптимални за вашето здравје. Одличен пример за безбеден производ е лепилото за плочки со ниска емисија CM 17 со стандардизирани етикети EMICODE. Запомнете, вашата благосостојба секогаш е на прво место.
Правењето промени во вашиот дом е еден од многуте начини да се грижите за вашата планета. Oткријте повеќе за oдржливите избори со Ceresit.