Јапанди - откријте го својот зен

Ова е совршеното дуо на стилови: добро познатите скандинавски hygge и wabi-sabi што е уште еден израз за јапонската хармонија. Jaпанди е повеќе од дизајн. Тоа е цел животен стил, фокусиран на препознавање на убавината на минимализмот и едноставноста, како и на отфрлање на работи кои не се неопходни за квалитетот на животот.

Помалку е повеќе

Иако се Скандинавија и Јапонија оддалечени илјадници километри, тие ја споделуваат љубовта кон едноставноста.

Минималистичките, едноставни форми и геометриски линии се потписи на јапанди. Сè совршено се вклопува благодарение на скандинавскиот дел од овој стил, каде што е вообичаена употребата на светли тонови или природни материјали како што се дрво, камен или хартија. Азискиот елемент овде може да биде вклучување на простран дизајн и изобилство на светлина, природна и вештачка, како и лична идеја својот мебел и предметите да ги исполните со историја. Затоа слоганот на јапанди е уметност на умереност во хармонија со природата.

Бои на хармонијата

Кога се работи за јапанди стилот, би требало целиот дизајн да го фокусирате околу три бои, најдобро во природни нијанси. Не треба да се ограничувате само на светли нијанси - во многу јапанди проекти ќе најдете употреба на темни и интензивни бои. Одлична инспирација за вашиот проект ќе биде палетата на бои Хармонија и Урамнотеженост од компанијата Ceresit, која содржи многу нијанси совршени за јапанди.

Основата на палетата треба да биде со неутрални бои: белата, кремастата или сивата се добредојдени. Ако ви треба нешто за да му дадете поостра нота на вашиот дизајн, кафеавата, зелената, па дури и црната се одличен избор. Целата композиција треба да биде хармонична, мирна, но и оптимистичка – за да се чувствува секој гостин како да е во својата приватна оаза.

За да ја направите палетата на бои поенергична, треба да размислите за користење на некои огнени тонови како што се црвена, жолта или портокалова, кои симболизираат енергија и живот. Вакви нијанси можете да најдете во линијата Топлина и Чувствителност. Но запомнете: при изборот на црвени нијанси, треба да барате помирни, потемни нијанси. Не се дозволени интензивни бои. Ако не се за вас топлите црвени тонови, можеби ќе можете да го зачините својот јапанди дизајн со ориенталната смарагдна или со промислените морско-сини бои.

Клучот е во минимализмот

Едноставен, но удобен, јапанди стилот дава речиси аскетски впечаток со допир на топлина. За да се постигне добро избалансиран ефект, украсите и додатоците треба внимателно да се избираат.

Наместо раскошни декорации, одлучете се за едноставен, но квалитетен мебел и природни или рачно изработени додатоци: растенијата и керамиката одлично ќе се вклопат. Кога станува збор за завесите или перниците, побарајте материјали како што се лен, памук или волна.

Клучни елементи на јапанди

  • Умереност
  • Природни материјали и ткаенини
  • Природност над совршенството
  • Минимализам
  • Форма, текстура, боја
  • Многу светло

ВИДИ ИСТО ТАКА
1/1

Tрендови во архитектурата 2022

Во последно време гледаме дека промената е единствената извесност. Ова се однесува на многу аспекти од животот, а еволутивните трендови во архитектурата се еден од нив. На што ќе се фокусираме во оваа област во 2022 година?

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Скриени трошоци за реновирање - како да ги намалите?

Кога се одлучуваме за реновирање или преуредување, не сме секогаш свесни дека можеби нема да можеме да останеме во рамките на буџетот поради скриените трошоци. Предлагаме што можете да направите за да ги сведете на минимум.

 

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Хармонија и урамнотеженост - боја за 2022 година

Во животот се стремиме кон хармонија и урамнотеженост. Ова се однесува на нашите вредности, семејството, работата и исхраната, како и на архитектурата и дизајнот на ентериерот. Токму на ова се однесува и ZANZIBAR 6, боја на 2022 година, од палетата Хармонија и Урамнотеженост.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Moќ на природните комбинации

Употребата на природни материјали и црпењето на инспирација од природата е еден од најсилните трендови во моментов и нема да успори во поскоро време. Поради тоа вреди да се размисли за употреба на материјали од природно потекло или на материјали кои ги имитираат на фасадата.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ