Помалку е повеќе - минимализам во архитектурата

Раскошноста и богатството на украсите не секогаш добро се вклопуваат со ентериерот. Но минимализмот во архитектурата е безвременски и секогаш е во мода. Уверете се и самите дека понекогаш помалку е повеќе.

Минималистичкиот стил силно ја нагласува улогата на светлината во нагласувањето на формата на зградата. Затоа белата боја овде е основна, таа најмногу ги рефлектира сончевите зраци во споредба со другите бои. Покрај тоа, поврзана е со чистотата и духовноста и затоа совршено ѝ одговара на минималистичката архитектура.

Бела, светла и економична

Минимализмот во архитектурата се карактеризира со стремеж за постигнување на хармонија преку економичност на формата и едноставни форми без непотребни украси. Во градежништвото се користат природни материјали, а вообичаено е и застаклувањето на големи површини. Проектантите се одлучуваат за симетрија - прави линии и основни геометриски форми: круг, правоаголник, квадрат - или намерна, добро дизајнирана асиметрија. Тие, исто така, голема важност ѝ придаваат на функционалноста. Масата на зградата често е одраз на нејзината функција, на која ѝ се дава приоритет.

Зградата треба да се истакне со игра на светлина, а не со други бои или текстури. Ако има дополнителни бои, тие се обично сива и црна. Ова може да се види во архитектонските елементи како што се рамки на прозорците и вратите, покривот итн. Има згради кои се целосно или воглавно сиви или црни, но тоа е прилично ретко.

Рецепт зa минимализам во архитектурата

Што треба да се направи за да се постигне ефект на минималиам во зградите? Пред сè, максимално да се поедностави формата на зградата, грижејќи се за одржување на симетријата, правите линии и форми. Архитектите во минималистичките проекти предлагаат монохроматски (бели или сиви, црни) фасади направени од најмногу три вида материјали (на пр. гипс, челик и дрво). Најважниот елемент е играта на светлината, па затоа е важно соодветно да се осветли објектот, да се користи застаклување на големи површини и да се отфрлат сите непотребни декорации.

 

 

ВИДИ ИСТО ТАКА
1/1

Tрендови во архитектурата 2022

Во последно време гледаме дека промената е единствената извесност. Ова се однесува на многу аспекти од животот, а еволутивните трендови во архитектурата се еден од нив. На што ќе се фокусираме во оваа област во 2022 година?

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Јапанди - откријте го својот зен

Ова е совршеното дуо на стилови: добро познатите скандинавски hygge и wabi-sabi што е уште еден израз за јапонската хармонија. Jaпанди е повеќе од дизајн. Тоа е цел животен стил, фокусиран на препознавање на убавината на минимализмот и едноставноста, како и на отфрлање на работи кои не се неопходни за квалитетот на животот.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Сите нијанси на бела

Белата е најчеста боја на фасадите на модерните згради. Ова не е изненадувачки, бидејќи белата боја е неутрална и ја симболизира совршената рамнотежа помеѓу спротивностите и внесува чувство на мир и хармонија во просторот.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ СВОЈОТ ДОМ ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВ

Во свет кој се движи со молскавична брзина, добро е да забавиме и размислиме како нашите секојдневни избори влијаат на планетата. Еве ги нашите совети како да го направите вашиот дом колку што е можно еколошки поприфатлив на тој начин да можете да се грижите за животната средина од безбедноста на вашиот дом.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ